Италијанските медуми не веруваат дека новиот селектор Роберто Манчини ќе успее да ја врати репрезентација во врвот на светскиот фудбал.
Италија лошо ги започна натпреварите во Лигата на Нации. Во А-дивизијата, Италија среќно освои бод на домашен терен против Полска, а потоа не успеа да се спаси од пораз во Португалија.
Медиумите го критикуваат Манчини дека премногу ротира, а тој се правда дека се подготвува за квалификациите за Европското првенство. Манчини натпреварите против Полска и Португалија ги одигра со различно состави, од тимот што го започна дуелот против Полјаците, во Португалија во стартниот состав беа само голманот Донарума и Жоргињо.
Само еден освоиен бод во два натпревари значи дека Италија нема шанси за првото место, а ќе мора да вложи многу труд за да не испадне од А-дивизијата.
„Дали тој знае колку тешка задача ќе имаме во квалификациите доколку испаднеме од А-дивизијата. Тоа ќе значи дека воопшто не сме фаворит и дека пред нас ќе има една посилна репрезентација, а доколку од третиот ‘шешир’ добиеме некој незгоден противник, само дополнително ќе си ги отежниме работите. Као игра Италија повеќе против никого не може да биде фаворит. Минаа времињата кога лесно се пласиравме на големите натпреварувања“, пишуваат италијанските медиуми.