Роберто Манчини вели дека никој не сакал да ја преземе италијанската репрезентација, но дека тој имал идеја да направи нешто посебно со „аѕурите“.
Италија остана без селектор откако Џанпјеро Вентура си замина по „националната катастрофа“, неуспехот да се квалификуваат за Светското првенство во Русија во 2018 година, по што Манчини ја „препороди“ репрезентацијата квалификувајќи се за Евро 2020 првпат во историјата со совршени 10 победи во 10 меча.
Манчини сега смета дека „аѕурите“ беа во совршен момент ова лето пред откажувањето на Европското првенство, но верува дека следната година ќе бидат уште посилни со поискусен тим.
„Овие два месеци требаше да играме два важни пријателски мечеви, против Англија на ’Вембли’ и против Германија во Нирнберг и требаше да сме при крај со подготовките за ЕП. Мислам дека ќе им беше тешко да не победат, но сега, се надевам дека момците ќе соберат повеќе искуство за следната година“, вели Манчини.
Тој додава дека бил подготвен за предизвикот со подмладувањето на репрезентацијата.
„Италија секогаш имала добри фудбалери во историјата и така е и сега. Победите не се лесни никогаш. Кога пристигнав, никој не сакаше да биде селектор и јас кажав да. Многумина се плашеа од тешката ситуација, но фудбалот е таков и поекогаш треба да имате малку повеќе доверба во младите фудбалери“, додава Манчини.