Марио Манџукиќ (32) и Јувентус се договориле околу продолжувањето на соработката, објавија италијанските медиуми.
Актуелниот договор на поранешниот хрватски репрезентативец истекува во 2020 година, а со новиот ќе се обврзе во Торино да остане до 2021 година.
Напаѓачот од клубот добил и поголема плата, тој во иднина годишно ќе заработува 5,5 милиони евра.
Манџукиќ, во Јувентус пристигна од Атлетико Мадрид во 2015 година за сума од 21 милиони евра. Досега има одиграно 158 натпревари на кои постигнал 43 гола.