Top Sport

Манџо и Кедира се селат во Бразил, во Васко де Гама?

Бразилските медиуми се распишаа за можност Марио Манџукиќ кариерата да ја продолжи во бразилското фудбалско првенство.

Поранешниот напаѓач на селекцијата на Хрватска моментно е слободен играч откако минатата пролет ја заврши катарската авантура. Го прекина договорот со Ал-Духаил, клубот каде кратко играше по заминувањето од Јувентус.

Сега Манџо е во потрага по нов клуб, а најновото име на листата е бразилски Васко де Гама.

Еден од најпознатите бразилски фудбалски колективи наводно го контактирал Хрватот и му дал понуда.

Новиот претседател на клубот, Левен Сиано најави засилувања, а Манџукиќ е еден од двајцата најавени играчи.

Другото засилување, наводно е германскиот репрезентативец, Сами Кедира, инаку екс-соиграч на Манџукиќ од Јувентус.

Scroll to Top