Top Sport

Манџо преговара со Локомотив Москва

Марио Манџукиќ го раскина договор со Ал Духаил. Хрватскиот репрезентативец се враќа во Европа, прашање е само каде.

Италијанските медиуми во саботата објавија дека тој ќе заврши во редовите на новиот член на Серија А, Беневенто, на чија клупа седи пријателот на Манџукиќ, Филипо Инзаги. Претходно напаѓачот се поврзуваше со Галатасарај и Бешикташ.

Последен клуб кој пројавил интерес за Манџукиќ е Локомотив Москва. Капитен на Локомотив е поранешниот соиграч на Манџукиќ, Ведарн Чорлука.

Руските медиуми тврдат дека преговорите помеѓу Манџукиќ и Локомотив започнале пред еден месеци и дека наскоро ќе финишираат.

Манџукиќ во кариерата играл за Јувентус, Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, Волфсбург, Динамо Загреб и Марсонија.

Scroll to Top