Top Sport

Манџукиќ како посредник, во Јувентус носи хрватски репрезентативец

Марио Манџукиќ во зимскиот преоден рок во Јувентус го носи својот сограѓанин, хрватскиот репрезентативец, Матеја Митровиќ, пренесуваат некои од италијанските медиуми.

Информациите се дека искусниот голгетер е посредник во преговорите со одбранбениот играч кој му е потребен на Алегри во тимот.

Италијанците веруваат дека Митровиќ ќе се пресели во Торино од Брисел, каде што моментно игра за Клуб Бриж, каде, пак, стигна од тимот на Бешикташ.

Сумата што белгискиот клуб ја плати за Митровиќ е 3.5 милиони евра.

Scroll to Top