Top Sport

Манџукиќ на медицински тестови во Ал-Духаил

Сагата со Марио Манџукиќ и неговото заминување од Јувентус влегува во последната фаза, откако Хрватот беше забележан на медицински тестови со тимот на Ал-Духаил во Катар, каде што за малку ќе завршеше во зимскиот преоден рок.

33-годишниот Манџукиќ беше „замрзнат“ под тренерот Маурицио Сари, по што се веруваше дека може да направи трансфер во Европа во јануари, со Манчестер јунајтед и Милан како најзаинтересирани, но Катар секогаш беше опција и во Ал-Духаил тој би бил клупски колега со поранешниот соиграч Мехди Бенатија.

Манџукиќ дојде во Торино од Атлетико Мадрид во 2015 година и си заминува со 162 настапи за „бјанконерите“, 44 гола и 18 асистенции. Јувентус исто така се во „комшии“, односно во Саудиска Арабија, каде што играат со Лацио во Суперкупот на Италија во Ријад.

Scroll to Top