Преодниот рок заврши синоќа а клубовите денес до УЕФА треба ги достават списоците на играчи што ќе настапуваат во европските купови.
Италијанскиот шампион Јувентус во ростерот има 25 фудбалери, но поради правилата на УЕФА за настап во Лигата на шампионите ќе може да пријави 23 играчи.
„Газета дело Спорт“ пипува дека еден од двајцата што нема да бидат пријавени за настап ќе биде Марио Манџукиќ. Ова е реално бидејќи Мауруцио Сари најави дека Хрватот нема да биде во преден план, што не беше случај во изминатите сезони.
Според истиот извор покрај Манџукиќ Јувентус за настап во Лигата на шампионите нема да го пријави Емре Џан или Арон Рамзи.