Марио Манџукиќ нема намера да го напушти Јувентус поради што одбил 30 милиони евра од кинескиот прволигаш Хебеи.
Хрватскиот напаѓач и во летниот преоден рок имаше неколку понуди од Кина, но ниту една не беше богата како последната која пристигна на негова адреса од тимот кој го предводи поранешниот тренер на Реал и Манчестер Сити, Маурисио Пелегрини.
Хебеи на Манџукиќ му понудил двегодишен договор и годишна плата од 15 милиони евра, 31-годишниот фудбалер нема намера да го напушта Торино.
Како што објави „Кориере дело Спорт“, доколку ја прифател понудата Манџукиќ ќе станеше најплатениот хрватски спортист на сите времиња, односно би заработувал двојно повеќе од Лука Модриќ.
Манџукиќ во Јувентус пристигна во 2015 година од Атлетико Мадрид во трансфер вреден 21 милион евра. Неговиот договор со „Старата дама“ истекува во 2020 година.