Top Sport

Манџукиќ се договорил со Локомотив

Марио Манџукиќ (34) конечно си најде клуб. Иако се поврзуваше со неколку екипи од Италија, Франција и Турција, тој кариерата ќе ја продолжи во Русија.

Поранешниот хрватски репрезентативец успешно ги завршил преговорите со Локомотив Москва, тим во кој капитен е неговиот поранешен соиграч од националниот тим Ведран Чорлука.

Руските медиуми тврдат дека Манџукиќ во Локомотив ќе заработува 2.700.000 евра.

Scroll to Top