Повеќе италијански извори тврдат дека Милан веќе ги договорил условите со Марио Манџукиќ за хрватскиот ветеран да пристигне на „Сан Сиро“ како слободен фудбалер.
Манџукиќ, откако играше за Јувентус од 2015 до јануари 2020, замина во катарскиот Ал-Духаил, но таму се заддржа само шест месеци пред да го раскине договорот во јули 2020 поради малкуте мечеви поради пандемијата на КОВИД-19.
Според „Скај спорт Италија“ и „Тутомеркато“, Милан уште во вторникот биле во контакт со агентите на Манџукиќ и сега се договараат личните услови. Манџукиќ би пристигнал слично како Златан Ибрахимовиќ пред точо една година, и би донел уште повеќе искуство во инаку младиот тим на „росонерите“.