Top Sport

Мане ги постави Ливерпул на чекор до полуфинале – Порто-Ливерпул 0:1 (видео)

Додека во Манчестер се одигруваше полувреме со неверојатни 5 гола, во Португалија, Ливерпул по првите 45 минути од реваншот против Порто се гледа во полуфиналето, откако Садио Мане им донесе 0:1 водство.

По домашната победа од 2:0, Ливерпул можеше да игра на „сигурно“, но наместо тоа дојде во водство во 26. минута кога Мохамед Салах го најде Сане, кој лесно го совлада Икер Касилјас. Холандскиот судија Макели ја прегледуваше ВАР-снимката но го призна голот.

Scroll to Top