Top Sport

Мане ќе добие нов договор и плата од 12 милиони евра

Ливерпул ќе му понудат нов договор на еден од своите најдобри фудбалери, Садио Мане. Актуелниот договор на Сенегалецот со Ливерпул истекува во јуни 2023 година.

Челниците на европскиот првак му нудат на Мане на актуелниот договор да додаде уште две години. Доколку прифати тој во Ливерпул би останал сигурно до својата 33 година.

Садио Мане од Саутемптон се пресели во Ливерпул, сезонава има веќе постигнато шест гола во сите натпреварувања, а во кариерата на 130 натпревари во црвениот дрес има постигнато 65 гола.

Доколку се согласи да го продолжи договорот до крајот на сезоната 2024/2025 ќе добие годишна плата од 12 милиони евра.

Scroll to Top