Top Sport

Мане погоди по 135 секунди, израмни Кин, Ван Дајк се повреди

Градското дерби помеѓу Евертон и Ливерпул е централен настан во петото коло, во Премиер лигата. Евертон во мечот на „Гудисон“ влезе од лидерската позиција, играчите на Карло Анчелоти забележаа четири победи во исто толку натпревари. Од друга стрна Ливерпул бара искупување за дебаклот од Астон Вила (7:2) пред две недели.

Дербито започна во силно темпо, Ван Дајк имаше шестоки стартови врз Хамес Родригез и Доминик Калвер-Луин, а во 135 секунда „црвените“ го матираа Пикфорд.

Робертос ја проби левата стрна, откако го мина Колман ја врати топката во средината на која налета Мане кој со разорен удар ја затресе мрежата.

Во 10 минута започнаа проблемите за Ливерпул, по еден дуел со голманот на Евертон се повреди Ван Дајк. Холанѓанецот ја напушти играта, а на неговото место влезе Гомез.

Отсуството на Ван Дајк Евртон го искористија домашните играчи и по корнерот на Хамес, Кин израмни во 19 минута.

 

Scroll to Top