Top Sport

Мане: Во Ливерпул до крај!

Садио Мане вели дека би сакал да остане фудбалер на Ливерпул до крајот на кариерата бидејќи никогаш не очекувал дека постои таков клуб.

27-годишниот Сенегалец е на „Енфилд“ веќе три години, а оваа сезона е најдобар стрелец на клубот заедно со Мохамед Салах со седум гола.

„Многу сум среќен што сум дел од овој голем клуб и уживам тука. Се надевам дека ќе останам засекогаш. Лесно е да се работи со напаѓачи како Роберто Фирмино и Мохамед Салах и имам среќа што имам такви партнери во нападот“, вели Мане во интервју за „ТВ2“.

Тој вели дека покрај фантастичните соиграчи, одличната атмосфера во клубот му дала искуство какво што не верувал дека е можно во модерниот фудбал.

„Сум играл во повеќе клубови, но Ливерпул е уникатен. Тука сме како семејство, а расположението секогаш е на високо ниво“, објаснува Мане.

Scroll to Top