Голманот на Милан, Мајк Мањан им се заблагодари на ривалите од Интер за 3:0 победата во вториот меч од полуфиналето на Копа Италија, велејќи дека токму тој момент ги мотивирал да го освојат скудетото.
Тогаш Интер лесно стигнаа до 3:0 победа по 0:0 ремито во првиот меч, а во следниот меч ја победија Рома со 3:1 и ако ја победеа Болоња на гости ќе го презедоа првото место. Наместо тоа, тие загубија со 2:1, за Милан да не згрешат во последните четири кола за титулата.
„Благодарност до Интер, по 3:0, го прегризавме јазикот. Тој пораз навистина не мотивираше. Кога Интер се сопнаа во Болоња, знаевме дека е готово за нив, бидејќи тогаш се фокусиравме само на нашата игра“, вели 26-годишниот Мањан во интервју за „Ла газета дело спорт“.
Intervista a #Maignan: "È un #Milan da pazzi, lo riporto al vertice in Europa col mio idolo Ibrahimovic" https://t.co/n43v6qMkz6
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) May 30, 2022