Најпознатиот навивач на шпанската репрезентација, Маноло ел дел Бомбо ќе може да го внесе својот тапан на осминафиналниот дуел меѓу Шпанија и Русија по интервенција на новинарите на шпанскиот весник „Марка“.
Дел Бомбо во солзи објаснуваше дека на првите три меча од Мундијалот поради правилата на ФИФА не му било дозволено да го носи својот тапан и побара помош од шпанскиот премиер, но и од рускиот претседател Владимир Путин.
Но, новинарите на „Марка“ контактираа со ФИФА и извршниот директор на ФИФА, Мигуел Маседо реши да му помогне на Маноло, човекот кој ја следи Шпанија на последните 10 Светски првенства.
Сега, Маноло ќе биде меѓу 3.000 шпански фанови на „Лужники“ со својот тапан.