Top Sport

Мануел Ноер може да пристигне во Хајдук?

Летниот преоден рок секогаш е шанса да се појавуваат најчудните можни теории за трансфери, а од Хрватска ни доаѓа можеби најневеројатниот, дека Хајдук Сплит ќе се обиде да го донесе легендарниот голман на Баерн Минхен, Мануел Ноер.

Според нивните извори, директорот на Хајдук, Лука Јакобушиќ веќе е во преговори со Баерн, каде што Ноер помина 12 сезони и има уште една сезона од неговиот договор со гигантот од Баварија.

Шанса Хајдук гледа во вестите дека неговиот близок пријател и тренер на голманите, Хрватот Тони Тапаловиќ доби неочекуван отказ од Баерн претходно оваа година.

Scroll to Top