Top Sport

Марадона: Би бил аргентински селектор бесплатно

Легендата на аргентинскиот фудбал, Диего Марадона понуди бесплатно да биде селектор на репрезентацијата, осум години откако не успеа да им донесе титула на јужноамериканците.

Марадона беше тренер на Аргентина на СП во 2010 година, каде што неговата репрезентација загуби со 4:0 од Германија во четврт-финалето, а сега по 4:3 елиминацијата од Франција во осминафиналето, би бил подготвен повторно да седне на селекторското столче, иако сегашниот тренер, Хорхе Сампаоли има договор до 2022 година.

„Секако, веднаш би бил подготвен за тоа, и тоа би го направил бесплатно. Не барам ништо од Аргентина“, вели Марадона.

Од 2010 година, Марадона, кој ја предводеше Аргентина до втората и последна светска титула во 1986 година, беше двапати тренер на клубови од Обединетите Арапски Емирати.

Фото: ЕПА

Scroll to Top