Top Sport

Марадона е Бог, Меси е Адам! Буквално!

Аргентинскиот клуб Клуб Спортиво Переира во Буенос Аирес направи репродукција на Сикстинската капела на покривот на нивната сала, и на него Диего Марадона е Бог, Лионел Меси е Адам а меѓу ангелите се Марио Кемпес, Серхио Агуеро и Габриел Батистута.

Муралот го чинел клубот околу 20.000 долари и е инспириран од славната Сикстинска капела на Леонардо да Винчи во Ватикан. Нивната верзија  е платена со донации во обид да се почестат претходните генерации на аргентински фудбалски легенди.

„Сите бевме деца кои го сакавме фудбалот и сакавме да бидеме како нашите идоли. Кога нешто нема да ви се оствари гледате кон небото, и барате од Бог помош, а тука има навистина добар избор“, вели претседателот на клубот, Себастијан Гарсија.

Марадона, кој им ја донесе на Аргентинците титулата од Мундијалот во 1986 честопати го носи прекарот „Ел диос“ (бог) во својата татковина, а и самиот го нарече неговиот гол со рака против Англија во четврт-финалето во 1986 „Раката на господ“.

Scroll to Top