Диего Марадона е пред остварувањето на најголемиот успех како фудбалски тренер, откако со неговиот мексикански второлигаш е пред остварување на влез во Лига МХ.
Дорадос со 3:1 и 2:0 ги победија Минерос де Закатекас во, резултат со кој се во финалето на плејофот за влез во првата лига. Марадона и лани успеа со Дорадос да стигне до финалето на плејофот, но таму загубија од посилниот Атлетико Сан Луис, придружниот клуб на шпанскиот Атлетико Мадрид.
Тие сега повторно играат со Сан Луис во финалето, откако тие ги победија Венадос во второто полуфинале.