Top Sport

Марадона го предупреди Кејн: голманите те гледаат

Аргентинската легенда Диего Марадона во неделата беше присутен на мечот помеѓу Тотенхем и Ливерпул, кој „спарси“ го добија со 4:1 благодарение на двата гола на Хери Кејн.

Марадона се запозна со Кејн и го предупреди да не станува премногу предвидлив пред голот. Кејн има 17 гола за тимот и англиската репрезентација оваа сезона.

„Каков голгетер. Маурисио Покетино има вистински ’рбет во тимот. Хуго сопира сè од едната страна, а Хери полни сè од другата“, изјавува Марадона кога го запознаваат со Кејн и со капитенот и голманот на тимот, Хуго Љорис.

Откако им посакува добра среќа на теренот, Марадона додава и совет за 24-годишниот Англичанец.

„Ох, Хери, не оди толку блиску до стативата со твоите удари. Некогаш оди од другата страна. Знаеш зошто? Голманите постојано те гледаат на ТВ. Затоа, следниот пат, тргни на другата страна“, порачува Марадона.

Scroll to Top