Top Sport

Марадона има два сефа во Дубаи, никој не знае што има внатре!

Диего Марадона своевремено живеел 7 години во Дубаи и во собата имал два заклучени сефа на кои никој немал пристап, тврдат доброупатени извори.

Неговиот имот, по неговата смрт се проценува на околу 75 милиони долари, а дел од „колачот“ ќе бараат неговите 11 деца. Пет деца призна дека се негови, а за други 6 постојат сомнежи дека се род на легендарниот аргентински фудбалер.
По претрагата на домот на Марадона во Дубаи откриени биле двата сефа и тоа крена голема „прашина“ во Аргентина.

Наголемо се шпекулира што има во нив, пред се поради фактот што неговата куќа во Емиратите се наоѓа на таканаречено тајно место.

„Никој точно не знае што има во сефовите“ наведува извор близок на починатиот фудбалер. Тој за шпански „АС“ коментира на оваа тема:

„Тоа се работи што Марадона ги чуваше и само тој знае што чувал. Тоа може да се дирхами (официјалните пари во ОАЕ), часовници, долари, или можеби се празни. Не ги отворил повеќе од 2 години“.

Scroll to Top