Минатата година бистата на Кристијано Роналдо во Португалија стана хит на социјалните мрежи. Едноставно ѕвездата на Реал Мадрид на таа биста не личеше на себе.
Приматот на Роналдо за најбизарна биста сега му го зеде Диего Армандо Марадона. Славниот Аргентинец синоќа во Индија ја откри својата биста, која повеќе личи на англискиот тренер Рој Хоџсон, откаколку на Марадона.