Top Sport

Марадона ќе добие статуа на стадионот на Наполи на 28 ноември

Стадионот „Диего Армандо Марадона“, домот на гордоста на јужна Италија, Наполи, на 28 ноември ќе добие и статуа од легендарниот Аргентинец чие име уште се изговара со висока доза на восхитување во Неапол.

Статуата ќе биде подарена на градот Неапол од страна на Стефано Чечи, поранешниот агент и долгогодишен пријател на Марадона.

„Му го ветив тоа денот кога беше именуван за почесен граѓанин на Неапол“, вели Чечи, потврдувајќи дека статуата ќе биде презентирана на фановите пред мечот против Лацио на 8 ноември.

Стадионот „Сао Паоло“ беше преименуван во „Стадио Диего Армандо Марадона“, неколку дена по смртта на Марадона во ноември 2020. Марадона играше за Наполи од 1984 до 1991 и имаше 257 настапи, 115 гола и 41 асистенции, освојувајќи две титули од Серија А, една од Копа Италија и една од УЕФА купот.

Scroll to Top