Top Sport

Марадона ќе остане тренер на Химнасија

Диего Армандо Марадона ќе остане тренер на Хмнасија Ла Плата. Легендата на аргентинскиот фудбал пред два дена рекол дека заминува од функцијата поради најавената смена на претседателот Габриел Пелегрино.

„Ел Пибе“ поради Пелегрино ја прифатил понудата од Химнасија и успеа по доаѓањето да победи на три од петте натпревари и да го извлече тимот од последната позиција на табелата.

Најавеното заминување на Марадона, а во пресрет на изборите во клубот што ќе се одржат утре, предизвикаа големи протести на навивачите.

Соочени со протестите во Химнсија нашле компромисно решение. Пелегрино кој нема повеќе да биде претседател ќе остане во клубот и ќе ја преземе функцијата генерален секретар.

Ваквите решенија го задржаа Марадона во Ла Плата и в недела тој ќе го предводи тимот на натпреварот со Арсенал.

Scroll to Top