Top Sport

Марадона: Лажат, 14 години не се дрогирам

Диего Армандо Марадона преку својот профил на „Фејсбук“, до навивачите испрати порака дека 14 години не се дрогира.

Според многумина најдобриот играч во историјата на фудбалот, имаше неверојатна кариера, со омилениот тим Бока Јуниорс стана шампион на Аргентина, со Наполи два пати ја освои Серија А и го предводеше до титула во Купот на УЕФА, а со Аргентина во 1986 гоидна се искачи на фудбалскиот Олимп.

На Светското првенство, популарниот „Ел Пибе“ сам ја однесе Аргентина до титулата,а успеа да постигне еден од најконтроверзните и еден од најубавите голови во историјата на фудбалот, двата против Англија во полу-финалето.

„Секој проклет ден морам да патувам 300 километри од Дубаи до Фуџаира за да го пренирам својот тим. Ова е мое обраќање до бас за да не ви зборуваат дека не работам и дека и понатаму се дрогирам. Наркотици не сум земал 14 години…Фала му на Бога, сигурно е дека сега нема да се предадам. Но како што велам тие секогаш ќе најдат начин да ја превртат вистината како им одговара. Ве гушкам сите вас“, напишал Марадона.

Легендарниот Аргентинец на клупата на второлигашот од Фуџаира се наоѓа од пред три месеци.

Scroll to Top