Диего Марадона верува дека „неговиот“ Наполи може да ја освои титулата во Серија А оваа година, и покрај тоа што Јувентус го презеде првото место во италијанскиот шампионат.
„Партенопеи“ се на два поени зад Јуве, а ги очекува и директен дуел со главните ривали следниот месец во Торино.
Името Марадона уште се слави во Неапол, откако тој ги предводеше до две титули, една Копа Италија и еден УЕФА куп од 1984 до 1991 година, и Аргентинецот вели дека сегашниот тим наликува на неговиот од пред повеќе од 25 години.
„Наполи може да го направи тоа. Верувам во скудетото, верувам во неаполитанците и верувам во овој тим. Кога ги гледам ме потсетуваат на мојот Наполи“, вели Марадона во интервју за „Газета дело спорт“.
Иако немаат титула од 1990 година, Наполи од 2012 до 2014 освои два трофеи од Купот на Италија и еден од Суперкупот.