Top Sport

Марадона: Не го гледав мечот на Аргентина, не гледам хорор-филмови!

Аргентина загуби со 1:3 од Венецуела на „Ванда метрополитано“ во петокот во пријателски меч, во уште едно разочарување за „албиселесте“, и легендата на аргентинскиот фудбал Диего Марадона не ги штедеше своите критики.

„Не, не го гледав мечот на Аргентина бидејќи не гледам хорор-филмови. Неспособните луѓе кои го водат националниот тим мислеа дека ќе ја победат Венецуела? Па, тие имаат добар тим. Многу добар. Аргентина влезе низ прозорец а не низ врата, бидејќи се работи за луѓе кои се предавници и лажговци. Жал ми е, но вака нема да стигнат до победи. Со други тренери и фудбалери како Руџери, Батиста, Џусти, Пумпидо, Каниџа ќе беше сосема поинаку. Сегашниот тим не заслужува да го носи тој дрес. Немаат поим и жал ми е за аргентинскиот народ кој продолжува да им верува на овие лажговци и на фудбалерите кои мораат да го трпат тоа“, изјави лутиот Марадона.

Џабе е и Меси! Венецуела ја шокираше Аргентина (видео)

Scroll to Top