Top Sport

Марадона не верува во аргентинската репрезентација

Иконата на аргентинскиот фудбал, Диего Армандо Марадона, не верува дека Аргентина на престојното Светско првенство во Русија ќе оставри забележителен резултат. Марадона смета дека Аргентина не во кругот на фаворитите за освојување на титулата.

„Францускиот тим е феноменален. Имаат добри играчи, но мислам дека тие не се фаворити. Франција би била подобра доколку Франк Рибери се врати во репрезентацијата“, рекол Марадона и дополнил:

„Мислам дека фаворити се Германија и Шпанија. Тоа се тимови што имаат континуитет и играчи од светска класа“.

Репрезентацијата на Шпанија на мундијалот ќе се натпреварува во групатта со Португалија, Иран и Мароко, додека Германија во првата фаза за противници ќе ги има Јужна Кореја, Шведска и Мексико.

Аргентинците во Русија ќе играат против Хрватска, Исланд и Нигерија.

Светското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули во 11 руски градови.

Scroll to Top