Top Sport

Марадона објаснува зошто Мурињо е подобар од Гвардиола!

Легендата на аргентинскиот фудбал, Диего Марадона смета дека менаџерот на Манчестер јунајтед Жозе Мурињо е подобар тренер од неговиот ривал од Сити, Пеп Гвардиола, и оди дури понатаму – го смета Португалецот за најдобар тренер на денешницата.

Јунајтед загубија со 3:1 од Сити во текот на викендот за да заостануваат 12 поени зад соседите, кои се актуелни шампиони. Марадона во моментов е тренер на мексиканскиот второлигаш Дорадос де Синалоа и вели дека ги следи потезите на Мурињо, најдобриот тренер на светот.

„Како тренер, имам многу за учење. Затоа ќе одам една недела во Манчестер за да го видам како работи Мурињо и да го прашам многу работи. Зошто кај него? Бидејќи тој е најдобриот, без сомнеж“, вели Марадона за „Марка“.

Во исто време, Аргентинецот не е импресиониран од остварувањата на Гвардиола во светот на фудбалот, бидејќи тој само ги имплементира идеите и стилот измислен од Јохан Кројф.

„За мене, да, Мурињо е многу подобар. На Пеп можеме да му признаеме дека го искористи тоа што го остави Јохан Кројф. Гвардиола не ја измисли тики-таката, туку Кројф. Само што сега, Пеп може да го бира секој фудбалер кој може да го посака и така му е многу полесно“, вели Марадона.

Scroll to Top