Аргентински бог на фудбалот, според многумина најдобар играч на сите времиња, волшебник со топката и човек кој поради бурниот живот самиот си ја уништи кариерата, тоа Диего Армансо Марадона.
Еден од најдобрите автори на документарни филмови, Британецот Афис Кападиа, снимил филм за Марадона, во кој открива во колкава мера Аргентинецот бил „луд“. Инаку, Кападиа е познат по документарните филмови за Аиртон Сена и Ејми Вајнхаус.
Порталот „GiveMeSport“, на едноставен начин и во кратка форма го најави документарецот за човекот кој ја смени фудбалската игра. Документарниот филм го носи името „Диего Марадона“.
Кога Марадоона во 1984 година од Барселона пристигна во тогаш малиот Наполи, на официјалната промоција се собрале 75.000 луѓе. Наполи никогаш не бил италијански шампион, но магијата на Марадона му овозможи да освои две титули во Серија А. Аргентинецот го предводеше тимот и до единствената европска титула, Купот на УЕФА.
Овој човек па речиси сам на Аргентина и ја донесе светската титула на Мундијалот во Мексико во 1986 година.
Гениј на фудбалскиот терен, а надвор од него зависник од кокаин и проститутки.
Злогласната мафија од Неапол, Камора, го навлекла Марадона на кокаин, потоа никогаш не успеа да се излечи. Дури и во клубот знаеле дека е кокаински зависник, но се правеле дека не знаат. Едноставно не сакале да преземаат ништо против својот најдобар играч.
Во документарецот се тврди дека од недела до среда имал дозвола да се дрогира, а потоа се „чистел“ до недела кога вообичаено Наполи ги играл натпреварите. Но во тоа време никогаш не паднал на допинг-тест.
„Веројатно некој друг даваше урина место него“, рекол поранешниот претседател Корадо Ферлаино, одговарајќи на прашањето на кој начин успевал да најде дрога.
Беше „луд“ но и миленик на целиот свет.
Митот за Марадона Италијаните го срушија во 1990 година. На СП во Италија, во полу-финалето Аргентина по изведувањето на пенали ја елиминира домашната репрезентација. Иронијата да биде поголема тоа полу-финале се играше во Неапол.
Диего постигна гол во пенал рулетот и од херој стана отпадник, а властите буквално преку ноќ се свртеа против него.
Започнале да му го прислушуваат телефонот и потоа го фатиле на дело, со дрига и проститутки. Тогаш доби условна казна, но кога во уината му нашле траги на кокаин доби 15 месечна суспензија.
Четири години подоцна се обиде да ја врати својата кариера, настапи на СП во САД, но откако падна на допинг-тесто по два натпревари се врати дома.