Top Sport

Марадона пристигна на новото работно место

Легендата на Аргентинскиот фудбал, Диего Марадона, кој на Светското првенство во Русија, на начин кој му одговара само нему ги следеше мечевите на својот национален тим, во понеделникот пристигна во Белорусија.

Откако, вчера, го гледаше и финалниот меч на „Лужники“ во Москва, Марадона слета во Белорусија на своето ново работно место.

foto: epa

Марадона, пред два месеци, договори соработка со фудбалскиот тим Динамо Брест и потпиша три годишен договор. Тој че биде прв човек на клубот, а треба да се грижи и за развојот на Динамо.

Аргентинецот, во Брест, пристигнал со приватен авион, а на аеродромот го пречекале луѓето од клубот и поголем број на навивачи.

По завршувањето на импресивната фудбалска кариера, Марадона имаше неколку не успешни тренерски ангажмани, две години беше селектор на Аргентина, а како тренер работел во Ал Васл и Ал Фуџаирах во Обединетите Арапски Емирати.

Scroll to Top