Top Sport

Марадона станува тренер на второлигашот Елче?

„Марка“ објавува дека Диего Марадона може наскоро да се врати во Шпанија, каде што би го преземал второлигашот Елче.

Според весникот, аргентинскиот бизнисмен Кристијан Брагарник е блиску до преземање на шпанскиот второлигаш, и Марадона, кој последно работеше со Гимназија Ла Плата во својата татковина, би бил тренер на клубот.

Марадона оваа недела прво си замина од Гимназија, по што се предомисли и реши да остане барем до крајот на годината, ако остане претседателот Габриел Пелегрино. Елче би му понудил многу подобра финансиска состојба со проект за враќање во Ла лига. Марадона играше во Барселона и Севилја во шпанската лига.

Scroll to Top