Диего Армандо Марадона за најдобар играч во историјата на фудбалот го прогласил својот сонародник Алфредо ди Стефано.
„Мислам дека Ди Стефано е најдобриот на сите времиња. Супериорен во однос на сите нас“, рекол Марадона кој е познат по своето големо его. Сепак кога зборува за Ди Стефано тоа го прави со голем респект.
„Пеле никогаш не сакаше да ја препознае величината на Алфредо. Пријателите на Пеле дури измислија трофеј само за него. Дури и јас го победив Пеле во Рио де Жанеиро во изборот за најдобар на сите времиња“.
Ди Стефано играл за Реал од 1953 до 1964 година. Освоил пет титули во низа, во Купот на европските шампиони, два пати бил прогласен за најдобар играч во светот.
Роден е во Буенос Аирес, настапувал за три репрезентации (Аргентина, Колумбија, Шпанија).