Top Sport

Марадона за својата поранешна девојка: Не удирам жени, но сакав да ѝ ја скинам главата (галерија)

Аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона дефинитивно „раскрсти“ со својата поранешна девојка Росио Олива по шест години заедно, и благо речено, тој не ја штедеше поранешната љубов во интервју за аргентинската телевизија.

„Јас не сум човек кој удира жени, но нејзе сакав да ѝ ја скинам главата. Росио сега е целосно надвор од мојот живот. Љубовта е дефинитивно мртва. Вистинат е дека јас бев морон. Росио потпиша документ во кој се вели дека не може да кажува ништо. Дали се однесуваше лошо? Тоа ќе го кажат адвокатите“, изјави 58-годишниот Марадона.

Тој исто така потврди дека подолго време не спиел со 30 години помлада Олива, додека аргентинските медиуми тврдат дека сега планира да ја тужи девојката и во исто време да го одземе домот кој го подари на семејството на Росио.

„Куќата која ја дадов на нејзиното семејство е моја, така што ќе си ја заддржам. Жал ми е ако таа не може да си го издржува семејството, но јас не сум Дедо Мраз да делам подароци. Јас работам како и сите на овој свет“, додава Марадона.

Scroll to Top