Top Sport

Марчело Липи го заврши тренерскиот пат

Легендарниот италијански фудбалски тренер, Марчело Липи (72) кој во 2006 година со „Азурите“ го освои СП, ја заврши тренерската кариера.

„Дефинитивно веќе нема да бидам тренер“ рече Липи за „Радио Спортива“.

Неговата тренерска кариера траеше 30 години.

Почна како тренер на У-19 во Сампдорија, а својата трага остави во Аталанта, Наполи, Интер и Јувентус. Освои 19 клупски трофеи, меѓу кои и Лигата на шампиони со Јувентус во 1996 година.

Сепак, тој рече дека фудбалот не го напушта засекогаш.

„Нема веќе да бидам тренер, тоа е доволно. Можеби ќе сум корисен и во некоја друга улога, но не пред пролетта“ рече стратегот чиј последен ангажман беше на кормилото на фудбалската селекција на Кина.

Scroll to Top