Фудбалерите на Манчестер сити во Ливерпул го победија Евертон со 3-1 в седмото коло, во Премиер лигата.
Играчите на Пеп Гвардиола имаа сериозни проблеми за да забележат победа на „Гудисон“. Двата тима имаа свои шанси, на крајот Сити беа тие кои погодија во клучните моменти.
Актуелните шампиони го отворија резултатот со голот на Габриел Жесус кој ја искористи асистенцијата на Де Брујне. До крајот на првиот дел израмни Калверт-Луин.
Во вториот дел играчите на двата тима не искористија неколку добри шанси, но Сити беа тие кои успеаја два пати да го совладаат Пикфорд.
Клучниот момент на мечот се случи во 71 минута кога од слободен удар погоди Марез, а точка на мечот стави Стерлинг во 84 минута.
Сити по оваа рунда се втори со 16 бода, пет помалку од Ливерпул, додека Евертон со само седум бода се на 15 место.