Top Sport

Марез: Не реагирав добро, се извинувам на Лестер

Ријад Марез признава дека жали за начинот на кој реагирал по пропаднатиот трансфер во Манчестер сити во јануари, извинувајќи се на неговиот сегашен клуб, Лестер сити.

Алжирскиот интернационалец пропушти два натпревари на Лестер откако се налути што клубот не ја прифати понудата од 60 милиони фунти за трансфер во лидерите во Премиер лигата. Тој демантираше дека штрајкувал, но признава дека можел подобро да ги „среди“ работите.

„Не бев тука бидејќи ми беше потребно време да размислам и тоа беше тешка ситуација. Трансфер во Манчестер сити е добра можност за сите, но сега тоа е во минатото. Одам понатаму и го давам максимумот за мојот тим. Секогаш постои каење, но сега не е време за тоа. Благодарност до клубот, кој добро се справи со ситуацијата. Кога ги имам соиграчите и клубот зад мене, сè е океј и беше лесно да се вратам тука“, вели Марез.

Марез, иронично, се врати во акција при 5:1 поразот на Лестер од Манчестер сити на 10 февруари, по што стартуваше во сите три меча, постигнувајќи гол за 1:1 реми со Бурнемаут во саботата.

27-годишниот Марез исто така ги демантираше шпекулациите дека се повлекува од фудбалот откако неговиот Фејсбук акаунт беше хакиран со таква порака.

„Во фудбалот, играчите доаѓаат и си одат. Не велам дека си одам, ниту дека доаѓам. Сè е во ред со Лестер и ќе видиме што ќе се случи. Во моментов јас сум играч на Лестер 100 отсто“, додава Марез.

Ријад Марез објави крај на кариерата!?

Scroll to Top