Top Sport

Маријано Дијаз пред трансфер во Фенербахче

Турскиот гигант Фенербахче се договори со Реал Мадрид за ангажман на Маријано Дијаз. Напаѓачот ќе добие плата од 5 милиони евра и дополнителни бонуси, па се очекува наредните денови да пристигне во Истанбул за финализирање на зделката.

Тој беше во втор план кај Карло Анчелоти, речиси и да не добиваше шанса за настап, па разделбата е неминовна.

Маријано Дијаз одигра 73 натпревари за Реал Мадрид, постигна 12 гола и забележа три асистенции.

Scroll to Top