Top Sport

Маријапа му позајмил 10.000 фунти на Дини кога тој „заглави“ во затвор

Дефанзивецот на Ватфорд, Адријан Маријапа открива дека му позајмил на својот клупски колега, Трој Дини 10 илјади фунти за да го подржи неговото семејство кога напаѓачот заглави во затвор, бидејќи тоа „го правите за некој за кого се грижите“.

Капитенот на Ватфорд, Дини отслужи 3 месеци затвор од 10-месечната казна за тепачка со студенти во Бирмингем во 2002 година. Тој во тој период не добиваше плата од клубот и Маријапа вели дека морал да помогне на сопругата на Дини, Стејси и нивниот син Мајлс.

„Тој поминуваше низ лош период. Му пишував писма и зборував со него неколку пати. Побара да направам нешто и мислам дека добро се покажав и сигурен сум дека и тој ќе го направеше истото“, вели Маријапа.

Маријапа потекна од школата на Ватфорд, а со Дини се запозна во 2010 година, кога тој дојде од Валсал. Дефанзивецот се врати во тимот на почетокот на минатата сезона по кратки престои во Рединг и Кристал Палас.

„Да, остануваме блиски. Го знам Трој толку долго време, и дури кога не бевме колеги се дружевме. Трој е Трој“, додава Маријапа.

Scroll to Top