Top Sport

Марио Ѓуровски: Уживав додека играв за Македонија

Поранешниот македонски репрезентативец, Марио Ѓуровски, штотуку ја заврши сезоната во Тајланд. 32-годишникот на 34 натпревари за Бангкок Јунајтед, сезонава имал учинок од 17 гола и исто толку асистенции.

Ѓуровски кој е син а ѕвездата на Партизан и Црвена звезда Милко Ѓуровски и внук на поранешниот селектор на Македонија Бошко Ѓуровски, за Македонија има одиграно 12 натпревари.

„Македонија и репрезентацијата: настапите и времето никогаш нема да ги заборавам. Со доаѓањето на Тајланд и натаму ме повикуваа (во тој момент селектор беше Џон Тошак), но во договор со тогашниот клуб Муанг Тхонг, во мирување ја ставив својата репрезентативна кариера. Причината е што лигата не ги следеше термините на ФИФА и УЕФА што значи дека годишно би пропуштал повеќе од 10 натпревари во првенството. Тоа не беше можно и се решив да престанам да игра за репрезентацијата“, рекол Марио Ѓуровски. во интервју за „Спортклуб“.

Целото интервју на Ѓуровски можете да го прочитате на следниот линк

Scroll to Top