Top Sport

Марио Гомез се повлече од германската репрезентација

Ветеранот Марио Гомез потврди дека се повлекува од германската репрезентација по 11 години „служба“.

33-годишниот напаѓач на Штутгарт дебитираше за Германија во 2007 година и оттогаш во 78 настапи постигна 78 голови.

„Мојот престој во националниот тим не беше секогаш успешен, но затоа беше прекрасен. Сега е време да се направи место за помладите момчиња кои треба да го остварат својот сон, да се докажат и да соберат искуства да стигнат до врвот. Јас, како и сите Германци, ќе бидам навивач на тој тим“, напиша Гомез на Фејсбук.

Гомез играше за Германија на СП во 2010  во 2018 година, како и на Европските првенства во 2008 и 2012 година, но беше дел од шампионскиот тим од Бразил 2014, за што уште жали.

„За мене, сонот се оствари на СП во Русија и покрај неуспехот, поради искуствата од 2014. Тогаш навистина болеше и сфатив која чест е да се биде дел од репрезентацијата. Не можеш секогаш да бидеш победник“, додава Гомез.

Фото: ЕПА

Scroll to Top