Top Sport

Марио Руи: Го чекаме Кристијано Роналдо во Наполи

Португлскиот дефанзивец на Наполи, Марио Руи вели дека би сакал да го види Кристијано Роналдо на „Стадио Диего Армандо Марадона“, порачувајќи дека се поготвени да го пречекаат со раширени раце.

Последните шпекулации го поврзуваат Роналдо со трансфер во Неапол, во можна трампа за нигерискиот напаѓач Виктор Осимен, тврди „Скај спорт Италија“. Наоли го ценат Осимен на високи 120 милиони евра, а би го добиле Роналдо на позајмица и со услов Манчестер јунајтед да му ја плаќаат високата плата.

Марио Руи вели дека едвај чека тоа да се случи.

„Го познавам добро и знам дека го дава максимумот во околности како во Неапол. Играч како него може да го даде максимумот било каде и ќе се чувствува несопирлив кога ќе ја има поддршката од навивачите. Кристијано е легенда во Португалија и како и во секоја соблекувална би го пречекале со раширени раце“, вели Руи.

Scroll to Top