Top Sport

Марка: Антоан Гризман е новиот Герет Бејл во Шпанија!

Ако досега навивачите на Реал Мадрид имаа омилено „жртвено јагне“ во ликот на Герет Бејл, сега истото го имаат и Барселона во Антоан Гризман, вели популарниот новинар на „Марка“, Раул Варела во последниот коментар.

Бејл беше мета на шеги во Шпанија по второто деби за Тотенхем, откако откако влезе во игра против Вест хем пропушти стоотстотна шанса, по што неговиот тим прими гол во финишот на мечот за 3:3 реми. Но, во Шпанија има наследник, кој не игра голф, зборува многу подобро шпански, но повторно е мета на медиумите и навивачите – Антоан Гризман.

„Сѐ што прави и сѐ што му се случува е само негова вина. Не се важни соиграчите, неспособноста на тренерите или целата ситуација во Барселона. Гризман дојде на задна врата во Барселона и никогаш не му се даде место во дневната соба. Најдоброто што може да го добие е столче во кујната, каде што ќе седи зад забавата со чаша вода, додека другите уживаат во виното. Усман Дембеле може ќе го замени, но приказните секој викенд веќе се напишани, и ниту една не е позитивна. Зад Лео Меси и Ансу Фати, со опоравениот Филипе Кутињо и новите имиња како Педри и Тринако, секогаш има реченица која го осудува Гризман. Дури и со хет-трик против Реал Мадрид тоа нема да се смени. Прашајте го Герет Бејл како беа известувани неговите клучни голови, на кои секогаш се одеше со контра со приказни за повреди или за заминување од тимот. Антоан Гризман свечено е новиот Герет Бејл во Шпанија“, вели Варела.

Scroll to Top