Извесно е дека најдобриот играч на Челси, Еден Азар, својата кариера ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Азар не крие дека сака да игра во Реал, тренерот Зинедин Зидан го означил како прва мета во летниот преоден рок. Се чека само одговорот од Челси.
„Марка“, медиум кој секогаш е добро информиран за случувањата на „Сантијаго Бернабеу“, тврди дека Азар веќе започнал да бара куќа во Мадрид.
Наводно, трансферот ќе биде официјализиран по натпреварот со Вест Хем, кој се игра в понеделник.
Челси од трансферот ќе инкасира 130 милиони евра, а Азар со Реал ќе потпишел шест годишен договор.