Top Sport

„Марка“ го избра најлошиот тим во 2018 година

Шпанскиот весник „Марка“ и оваа година, на денот кога ФИФА ги прогласи најдобрите, го објави најлошиот тим во 2018 година.

Утрово „Марка“ го објави својот избор за оваа година. На голманската позиција очекувано е трагичарот од финалниот меч во Лигата на шампионите, Лорис Кариус. Изненадување е што во тимот е и Леонардо Бонучи, кој минатата сезона настапуваше за Милан. Тренер е овој тим е Винченцо Монтела.

Најлошиот тим за 2018 година според „Марка“:

Лорис Кариус (Ливерпул) – Бенедикт Ховедес (Јувентус), Леонардо Бонучи (Милан) , Виктор Линделоф (Манчестер јунајтед) – Тиемуе Бакајоко (Челси), Месут Езил (Арсенал), Весли Снајдер (Ница), Гансо (Севилја) – Алексис Санчез (Манчестер јунајтед), Лучано Вието (Валенсија), Келечи Ихеначо (Лестер).

Scroll to Top