Шпанија, по Италија, во моментов е најголемото жариште на коронавирусот во Европа. Речиси 30.000 луѓе се заразени, а досега од вирусот починал 1.772 лица.
„Марка“, еден од најпознатите светски спортски весници во услови кога во државата е воведена вонредна состојба го објави идеалниот тим на Шпанија.
Овој пат тимот не е составен од фудбалери што требаа да играат на Европското првенство .
„Екипа на сите нас со која Шпанија сигурно победува“ е насловот на „Марка“, а тимот е составен од обични луѓе кои на првата линија се борат со опасниот вирус.
Роса Мартинез (медицинска сестра), Луз Мартинез (благајничка), Раул Гаљего (возач на камион), Октавио Руиз (работник на бензинска пумпа), Луис Контрерас Аранда (земјоделец), Хуан Сампедро Навас (пожарникар), Анхел Хименез Гонзалес (продавач на весници), Пабло Бариеро (доктор), Серхио рамос Весино (полицаец), Роберто Фернандез Лопез (чистач на улици).
#LaPortada ?? El equipo DE TODOS ??https://t.co/lxqpYQ2dt9 #EsteVirusLoParamosUnidos ??
— MARCA (@marca) March 23, 2020