Top Sport

„Марка“: Јовиќ исчезна против Мајорка!

Игрите на Лука Јовиќ повторно ги загрижуваат навивачите на Реал Мадрид, а шпанскиот весник „Марка“ беше брутален кон српскиот напаѓач по 1:0 поразот на „кралевите“ од Реал Мајорка.

Јовиќ доби шанса третпат да стартува за тимот на Зинедин Зидан, но според „Марка“ тој беше „исчезнат“ на теренот, бидејќи во 66 минути на теренот тој успеа само 25 пати да ја допре топката, и не упати ниту еден удар на голот. Во прилог на оваа критика тука е „мапата“ на тоа каде ги поминал 66-те минути на теренот на „Сан Моич“.

„Зидан повеќе од статистиката на Јовиќ треба да го загрижува говорот на телото на теренот. Јовиќ не беше ниту блиску до противничкиот гол, не се нуди за топка, не бара простор, не влегува во шанса и целосно е безопасен. Шансите кои ги добива од Зидан не ги користи, а времето поминува“, коментира „Марка“.

Покрај ова, навивачите на Реал се уште повеќе изнервирани од податоците за огромната плата од 25 милиони евра годишно која ја добива младиот Србин по доаѓањето од Ајнтрахт Франкфурт, со што е поплатен од капитенот Серхио Рамос и освојувачот на „Златната топка“, Лука Модриќ.

Scroll to Top