Десетина минути по завршувањето на Ел класико, во кое Барселона со 3:0 победи во Мадрид, весникот „Марка“, кој целосно е на страната на Реал, како виновнок за поразот го означи Хрватот Матео Ковачиќ.
Хрватскиот репрезентативец одигра лош натпревар, на средината од теренот изгуби многу топки, а не се снајде ниту во улогата која му ја додели тренерот Зинедин Зидан, да игра флатер врз Лео Меси.
Токму поради неговата нерешителност во 54.минута, кога наместо да тргне кон Ракиќ гледаше каде е Меси, Барселона го постигна првиот гол.
„На Барселона и отвори коридор кон голот на Навас. Целосно е нејасно кој играч го чуваше Ковачиќ додека Ракитиќ брзаше кон шеснаесетникот на Реал“, се прашува новонарот на „Марка“.
Во продолжение на акцијата Ракитиќ ја отвори десната страна за Серхио Роберто кој му асистираше на Луис Суарез за првиот гол.
Barcelona didn’t give Real Madrid a guard of honour…
But Mateo Kovacic gave one to Luis Suarez in the build up of the opening goal ?
ANALYSIS ?https://t.co/qlsLzvcmv4 pic.twitter.com/QokoKQfRRx
— MARCA in English (@MARCAinENGLISH) December 23, 2017
„Не само што не направи ништо за да ја спречи контрата на Барселона, туку на крајот со получекор влегуваше во шеснаесетникот во моментот кога Роберто му асистираше на Суарез“, стои во текстот.
Зидан, играчот кој не требаше да биде на теренот го замени во 72.минута кога на сите им беше јасно дека Барселона ќе победи.